Кошаркарите на АВ Охрид до 18 години го изедначија скорот 1-1 во четвртфиналната серија, откако на домашен терен со 76-68 (20-19, 23-21, 18-11, 15-17) го совладаа составот на Баскет Кам од Македонска Каменица.

До првата победа во ТОП 8 избраниците на Тони Стојаноски стигнаа благодарание на добри три четвртини во кои стекна двоцифрена предност. Во последниот квартал гостите пробаа да се вратат во игра, но „галебите“ не дозволија пресврт и го запишаа првиот триумф.

Пласман помеѓу полуфиналистите во М18 лигата охридските кошаркари ќе бркаат на гостински терен во последниот трет натпревар во серијата.

OhridNews