Кошаркарите на АВ Охрид се закитија со бронзениот медал на турнирот во Самоков, кој го организира екипата на Рилски Спортист од Бугарија.

Во малото финале, избраниците на Марјан Илиевски го совладаа тимот на Черноморец со 81-67 и го обезбедија третото место на турнирот. Во полуфиналето охриѓани изгубија од грчкиот состав ПАОК, кој е голем фаворит против домаќинот на турнирот за пехарот.

Најефикасни во победата вредна бронзен медал беа Мијатовиќ и Џексон кои реализираа по 16 кошеви. Двоцифрен учинок имаа уште повратникот во составот Пенов и Мекиќ.

До почетокот на новата сезона во Првата лига остануваат уште две седмици. АВ Охрид во првата рунда гостува кај тимот на Кожув.

OhridNews