Кошаркарите на АВ Охрид забележаа две победи на двете контролни средби со Рилски Спортист од Бугарија кои се одиграа викендов во СРЦ „Билјанини Извори“.

Охридските кошаркари, за разлика од вчера одиграа на ниво од почетокот до крајот и не дозволија гостите да се размавнат. „Галебите“ славеа со 76-72 а во првиот меч победија со 79-78.

Првиот квартал на охриѓани им припадна со 24-15, додека во вториот и третиот беше егал. Во завршниот гостите го намалија резултатот, но само го ублажија поразот.

Во тимот на АВ Охрид најпрецизен заврши Ајуква Остин со 21 поен. По него следуваа Александар Штерјов со 14 поени и Игор Мијајловиќ со 11 кошеви. Во гостинскиот состав се истакна Џон Жора со 13 поени.

OhridNews