В среда со почеток во 12 часот во просториите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ќе бидат извлечени паровите за првата рунда која ќе означи почетокот на новата сезона во Првата лига. После извлекувањето ќе биде обелоденет распоредот за регуларниот дел од сезоната.

И оваа сезона дел од македонската кошаркарска елита ќе бидат кошаркарите на АВ Охрид. „Галебите“ ќе партиципираат по трет пат во Првата лига. Охриѓани минатата сезона беа дел од завршницата во Супер лигата, а во дебитанскиот настап изборија опстанок.

Избраниците на охридскиот стратег Петар Чочороски на Јадранското море ги финишираат подготовките. Покрај тренинзите кошаркарите ќе одиграат неколку контролни натпревари.

Првата лига најверојатно ќе започне на 6 октомври.

OhridNews