Кошаркарите на Охрид во седмата рунда од Втората кошаркарска лига на гостински терен против Академија ФМП ќе ловат нови три бодови.


Охриѓани со квалитетот и досегашниот скор во лигата се изразити фаворити во дуелот со „академците“, но тоа треба да го потврдат на теренот.

„Галебите“ се подготвени за игра и со секој триумф се се` поблиску до титулата од есенската полусезона во Втората лига.

Двојки : Водњански Лисици – Ангели, Тетекс – Гостивар, Академија ФМП – Охрид, Шкупи – Радовиш, Вардар – Пелистер.

Табела : Охрид 12 бодови, Пелистер 11, Вардар 10, Гостивар 10, Водњански Л. 9, Тетекс 8, Академија ФМП 8, Ангели 8, Шкупи 7, Радовиш 7.

Ohridnews