Членовите на познатиот балкански бенд „Галија“, кој утре вечер ќе одржи концерт во неповторливиот амбиент на изворите на Дрим во ресторанот „Острово“, во Св. Наум, пристигнаа во Охрид. Тие веќе ја почувствуваа магијата на Св. Наум и во опуштена атмосфера во ресторанот „Острово“ полнат енергија за утрешниот настап.

Концертот на групата „Галија“ во петок, започнува во 21 часот, а до Св. Наум публиката ќе може да стигне и по воден пат со бродовите Александрија 1 и 2, кои утре вечер ќе пловат по симболична цена за повратен билет од 300 денари.

Од ресторанот „Острово“ информираат дека се е подготвено за концертот на „Галија“ кој се очекува со нетрпение во Охрид. Покрај во музиката на „Галија“ публиката утре вечер на „Острово“ ќе ужива и во специјалните вина на „Тиквеш“

OhridNews