Планинската убавица Галичица се повеќе е посетена од туристи. Неодамна во прекрасната природа на Галичица уживаа авантуристи со џипови од земјава и соседна Србија.
Од Галичица се пружа единствен поглед на Охридското и Преспанското Езеро, а глетката од врвот е нешто посебно.
На Галичица се поголем е бројот на рекреативци со велосипеди или пеш. Низ националниот парк обележани се километри и километри пешачки и велосипедски патеки, но очигледно Галичица е привлечна и за авантуристите на четири тркала.
OhridNews
фото:Емилио