Планинската убавица Галичица, како ретко кое друго место на светот нуди восхитувачки поглед на две големи природни езера кој предизвикува силни чувства.


За планинарите и параглајдеристите таа е вистински рај, а на нејзините падини се почесто можат да се сретнат и рекреативци кои уживаат во природните убавини. Поради тоа, како и поради големиот број ретки видови флора и фауна планината Галичица е прогласена за национален парк.


Во изминатите неколку години управата на паркот изгради голем број патеки за планинарење и велосипедизам кои се обележани, а на места има зони за одмор со клупи и видиковци кои нудат поглед од кој застанува здивот.

Г. Момироски

фото: Ѓ. Пирузе