Искусниот кошаркар во дресот на Италија, Данило Галинари на бизарен начин се повреди и поради тоа не ќе може да конкурира за престојниот Евробаскет кој ќе се одржи во четири земји.
Галинари имаше кошкање со противнички кошаркар под обрачот од Холандија, а веднаш блиската средба прерасна во тепачка. Галинари со бокс го удри Холанѓанецот, а од ударот италијанскиот кошаркар повредил неколку коски во раката и веднаш бил префрлен на болница.
Лекувањето на 28-годишниот кошаркар на „азурите“ кој летово премина од Денвер во ЛА Клиперс ќе се одвива во Америка под очите на лекарскиот тим од „клиперси“.
OhridNews