Култната серија „Game of Thrones“ (Игра на тронови) чие емитување заврши неодамна со прикажувањето на осмата и последна сезона, продолжува да урива рекорди.

Имено серијата оваа година има 32 номинации за филмските награди ЕМИ, што е нов рекорд. Деветмина актери од серијата ќе се борат за престижната награда, Кит Харингтон и Емилија Кларк се во конкуренција за најдобри актери, четири актерки ќе се борат за најдобра женска споредна улога, а тројца актери за најдобра машка споредна улога.

Рекордот со најмногу номинации во една година до сега го држеше серијата „Њујоршките сини“ која во 1996 година имаше 26 номинации.