Францускиот тенисер Ришар Гаске сензационално во 1/4 финалето на гренд слем турнирот Вимболдон го елиминираше Стен Вавринка во пет сетови (6:4, 4:6, 3:6, 6:4, 11:9).


Шампионот од Ролан Гарос, Вавринка потклекна во тајбрејкот во петтиот сет и тоа скапо го плати со елиминација во четвртфиналето.

Гаске во 1/2 финалето ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ кој со чисти 3-0 го совлада Марин Чилиќ во четвртфиналната пресметка.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат старите ривали Рожер Федерер и Енди Мареј.

Ohridnews