„Росонерите“ останаа без трите бодови, а Џенаро Гатузо без победа во дебито на клупата од Милан на гостувањето кај тимот на Беневенто кој до реми (2-2) стигна благодарание на голот на голманот Алберто Брињоли.

После натпреварот Гатузо не го криеше незадоволството и откри дека тешко го прифатил ремито.

– Убод од нож ќе ме болеше помалку, отколку голот на голманот Брињоли кој ни ги одзеде трите бодови. Игравме и се боревме и со фудбалер помалку, а фактот среќа не остави без бодови. Тие одиграа неколку добри натпревари во серија, а со нас го капитализираа тоа. – изјави Гатузо.

Првата победа на клупата од Милан легендарниот фудбалер ќе ја брка на домашен терен во следната рунда против тимот на Болоња.

Голманот на Беневенто му го расипа дебито на Гатузо во Милан (видео)

OhridNews