Селекциите на Хрватска и Србија немаа многу среќа во ждрепката за групите на Светското првенство во Русија, откако добија ѕвучни и квалитетни противници.

„Коцкастите“ за ривали во групата Д ја добија Аргентина, Исланд и Нигерија, додека „орлите“ во Е групата ќе се судрат со Бразил, Швајцарија и Коста Рика.

Домаќинот на Мундијалот, Русија доби поволна ждрепка, а во Б групата силите ќе ги одмерат европскиот првак Португалија и победникот на Светското првенство во 2010, Шпанија.

Натпреварите на СП во Русија започнуваат на 14 јуни следната година, а финалето се игра на 15 јули на „Лужники“ во Москва.

Групите:

Група А: Русија, Саудиска Арабија, Египет, Уругвај

Група Б: Португалија, Шпанија, Мароко, Иран

Група Ц: Франција, Австралија, Перу, Данска

Група Д: Аргентина, Исланд, Хрватска, Нигерија

Група Е: Бразил, Швајцарија, Коста Рика, Србија

Група Ф: Германија, Мексико, Шведска, Јужна Кореја

Група Г: Белгија, Панама, Тунис, Англија

Група Х: Полска, Сенегал, Колумбија, Јапонија

OhridNews