Аргентинските репрезентативци со триумф над Колумбија (3-0) се вратија на победите и ги залечија раните од неуспехот против Бразил во квалификациите за Мундијалот во Русија.
„Гаучосите“ се доведоа во ситуација да немаат право на грешка, но го покажаа сиот свој потенцијал и славеа против Колумбија. Стрелци на головите за Аргентина беа Лионел Меси, Лукас Прато и Анхел ди Марија.
Бразилските фудбалери кои се лидери на табелата со нова победа овој пат против Перу (2-0) запишаа нови бодови. Габриел Жесус и Ренато Аугосто ја погоди мрежата на Перу за победа.
Резултати: Боливија – Парагвај 1-0, Еквадор – Венецуеала 3-0, Аргентина – Колумбија, Чиле – Уругвај 3-1, Перу – Бразил 0-2.
Табела: Бразил 27, Уругвај 23, Еквадор 20, Чиле 20, Аргентина 19, Колумбија 18, Парагвај 15, Перу 14, Боливија 7, Венецуела 4.
OhridNews