Светскиот вицепрвак Аргентина ја забележа втората победа во квалификациите за Мундијалот во Русија совладувајќи го Чиле во дербито од петтата рунда со 2-1 .


Актуелниот освојувач на Копа Америка, Чиле мечот пред своите гледачи го започна одлично откако во 10-та минута поведе со 1-0 со голот на Филипе Гутиерез.


Аргентинците брзо се консолидираа и возвратија со дупла мера. Анхел ди Марија во 19-та минута донесе егал, а резултатот во своја полза „гаучосите“ го свртија во своја полза пет минути подоцна со погодокот на Габриел Мерсад.


Резултати: Боливија – Колумбија 2-3, Еквадор – Парагвај 2-2, Чиле – Аргентина 1-2, Перу – Венецуела 2-2.

Табела: Еквадор 13, Уругвај 9 (-1), Парагвај 8, Аргентина 8, Бразил 7 (-1), Чиле 7, Колумбија 7, Перу 4, Боливија 3, Венецуела 1.

OhridNews