Фолк ѕвездата Сузана Гавазоваа (31) веќе пет месеци е во врска со охридскиот бизнисмен Жика Менкиноски(42), сопственик на обложувалници и пицерија во Охрид, објави на својата насловна страна дневниот весник “Вест“. Ова до вчера беа само гласини кои Сузе ниту ги демантираше, ниту ги потвдуваше, но веќе реши да не крие и за прв пат јавно да прозбори за нејзината љубов.


-Да, признавам. Жика е мојот дечко. Многу сум среќна и вљубена. Се сложуваме, навистина ни е убаво, вели Сузе.

Како и другите јавни личности, така и неа досега ја поврзувале со познати и непознати мажи, но таа никогаш не посакала да се впушта во објаснување на тие приказни. Од летоска се обидува да ја сокрие и оваа врска, но како што вели, сега решила да прозбори зашто ова навистина е љубов.

– Прв пат сум толку вљубена. Тој е во Охрид, јас во Струмица и секоја можна прилика ја користиме да бидеме заедно. Но, и двајцата сме со обврски и невозможно е да не се разделуваме, објаснува пејачката.

Низ струмичките улици сега веќе се почесто се гледа џипот или автомобилот на дечко и Жика. Во Струмица веќе го сметаат за зет, иако Сузе вели дека за тоа сеуште е рано да се зборува.

– Најважно е што сме заедно и што се сакаме. Сакаме постојано да сме заедно и секој слободен момент и двајцата да го користиме за љубов, но заради обврските тоа засега е невозможно. За брак не сме разговарале и сеуште е рано за тоа да се зборува. Има време, раскажува Сузе.

Новиот дечко на Сузе, Жика во вчерашниот телефонски разговор призна дека се заедно со Сузе не сакаше друго да коментира.

-Немам што да кажам. Се што ќе каже Сузе, се е така, ни рече тој.

“Фото Вест“