Дваесеткратниот шампион во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед ги започна подготовките за сезоната која доаѓа.
Во тренинг кампот се појавија сите фудбалери освен Анхел ди Марија и Маркос Рохо кои беа дел од селекцијата на Аргентина која го освои сребрените медал на Копа Америка.
Ди Марија неславно го заврши финалниот натпревар откако поради повреда го напушти теренот по половина час игра.
Докторите на Аргентинецот му предвидуваат пауза еден месец со што ќе ги пропушти предсезонските подготовки на „црвените ѓаволи“.
Ohridnews