Во 10-та рунда од англиската Премиер лигата на „Етихад“ ќе се сретнат градските ривали од Манчестер кои сезонава сеуште го немаат покажано своето право лице.
„Ѓаволите“ во лошата форма на „граѓаните“ ја гледаат шансата за првата гостинска победа во Премиер лигата сезонава.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал неможе да смета на Радамел Фалкао, а во тимот се враќа капитенот Вејн Руни, кој ја одлежа суспензијата од три натпревари.
По повредата на Давид Силва и менаџерот на „граѓаните“ Мануел Пелегрини се соочи со проблеми околу составот за пресметката со Манчестер Јунајтед.
Мх.П.