Бразилецот Филипе Андерсон од тимот на Лацио е прво засилување за англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед за следната сезона.


Трансферот на бразилскиот интернационалец го потврди првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито кој му се доверил на пријателите.

„Црвените ѓаволи“ за фудбалерот за врска на „лацијалите“ ќе му исплатат вртоглави 60 милиони евра.

Филипе Андерсон минатата сезона блесна во дресот на Лацио, што не е случај сезонава. Бразилецот на 24 мечеви вкупно сезонава има шест постигнати голови.

OhridNews