Англиските медиуми по долги анкети и анализи деновиве го обелоденија идеалниот тим на Премиер лигата за последните 23 сезони.
Во тимот доминираат фудбалери од Манчестер Јунајтед вкупно шест, двајца има од Арсенал, по еден од Челси, Њукасл и Ливерпул.
Покрај доминацијата во идеалниот тим клубот од Олд Трафорд е прогласен за најдобар англиски колектив пред Ливерпул и Арсенал.
Во 23-те сезони колку што е формирана Премеир лигата „црвените ѓаволи“ имаат освоено 13-ет титули од вкупно 20-те во историјата.
Идеалниот тим : Едвин ван дер Сар (Мен Ју), Ешли Кол (Челси), Рио Фердинанд (Мен Ју), Немања Видиќ (Мен Ју), Патрик Виера (Арсенал), Кристијано Роналдо (Мен Ју), Стивен Џерард (Ливерпул), Рајан Гигс (Мен Ју), Алан Ширер (Њукасл), Тиери Анри (Арсенал).
Мх.П.