Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагерер сега спортски коментатор на англиската телевизија „Скај“ состави тим од најдобрите фудбалери во Премиер лигата.
Во тимот на Карагер доминираат фудбалери на Манчестер Јунајтејд кои ги има дури петмина (Питер Шмајхел, Рајан Гигс, Гери Невил, Рој Кин и Кристијано Роналдо).
Со овој потег поранешниот англиски репрезентативец покажа дека ривалството меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул е само на теренот, а не и надвор од него.
Покрај петката од Олд Трафорд во изборот на Карагер се најдоа Ешли Кол, Џон Тери, Тони Адамс, Стивен Џерард, Алан Ширер и Тиери Анри.
Мх.П.