Манчестер Јунајтед следните два месеци ќе биде без столбот во одбраната Ерик Бејли кој ги повреди лигаментите на коленото на дуелот со Челси на Стемфорд Бриџ.


Ваквиот епилог после повредата на Бејли го најави Жозе Мурињо веднаш после мечот со „сините“ кој Манчестер Јунајтед го загуби со високи (4-0).

Дефанзивецот е еден од четворицата нови фудбалери кои пред почетокот на сезоната го засилија составот на Олд Трафорд, а и најконстантен во игрите.

Повредата на Бејли ќе биде голем проблем за Мурињо кој и нема некој дефанзивец во редовите кој може да го замени репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска.

Поразот од Челси, не е единствена грижа за „ѓаволите“

OhridNews