Како се ближи крајот на сезоната односно почетокот на летниот преодниот рок така секојдневно од Англија стигнуваат информации за спектакуларни трансфери.


Главниот збор на трансфер пазарот пак ќе го има Манчестер Јунајтед кој и во третата сезона по заминувањето на Сер Алекс Фергусон не успеа резултаски да се стабилизира.

Според англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ ќе го засилуваат нападот кој сезоната целосно потфрли постигнувајќи 38 голови во 30 меча во Премиер лигата.

Прва желба на клубот од Олд Трафорд е Гонзало Игуаин, потоа на листата се наоѓаат Алваро Мората и Хамес Родригез кој е не е посакуван на Сантијаго Бернабеу.

Ако Манчестер Јунајтед успее во намерите да ги донесе овие фудбалери и на нив им се додадат сегашните Вејн Руни, Ентони Марсија, Џеси Лингар, Хуан Мата и Мемфис депај ќе го склопи најубиствениот напад во светот на фудбалот.

OhridNews