Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо се соочуваат со подолги паузи од фудбалот, откако клубот од Олд Трафорд ги потврди тешките повреди на двајцата фудбалери.


Швеѓанецот и аргентинскиот репрезентативец се здобија со исти повреди на лигаментите од коленото, а дополнителните прегледи ќе покажат колкава е сериозноста и колку ќе отсуствуваат од теренот.

Најдобриот голгетер со 28 голови во дресот на Манчестер Јунајтед, Ибрахимовиќ настрада во финишот од натпреварот, додека дефанзивецот Рохо поради повреда мечот го напушти во првиот дел.

Како што најавуваат медиумите од островот „ѓаволите“ нема да ја продолжат соработката со Ибрахимовиќ, но ќе му го платат цело лекување, додека Рохо и покрај повредата останува член на тимот од Олд Трафорд.

OhridNews