Манчестер Јунајтед тивко и без никаква помпезност го доведе вториот фудбалер во своите редови за следната сезона.

Како што јавуваат германските медиуми се работи за фудбалерот на Хофенхајм, Фирмињо за кого „црвените ѓаволи“ ќе платат околу 13 милиони фунти.


Бразилскиот интернационалец, кој може да игра не неколку позиции подолго време беше следен од премиерлигашите, но клубот се одлучи да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед.

23-годишниот фудбалер е второ засилување откако Јунајтед пред завршување на минатата сезона го официјализираше трансферот на Мемфис Депај од ПСВ Ајндховен.

Ohridnews