Манчестер Јунајтед прв ќе повлече потег на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок покажувајќи сериозен интерес за дефанзивецот на Евертон, Џон Стонс.
Младиот дефанзивец на „карамелите“ кој сезонава игра во одлична форма беше голема желба на Жозе Мурињо додека го водеше тимот на Челси.
„Црвените ѓаволи“ за услугите на младиот англиски репрезентативец на Евертон ќе му платат 25 милиони евра.
Менаџерот на Јунајтед, Луис ван Гал во неколку наврати најави нови засилувања во зимскиот преоден рок, а ќе го започне со доведување на Стонс.
Ohridnews











