Манчестер Јунајтед му ги замрси сметките на Челси во преговорите за трансферот на аргентинскиот репрезентативец Гонзало Игуаин на Стемфрод Бриџ од Наполи.
„Црвените ѓаволи“ за потписот на Игуаин упатиле побогата понуда од Челси и италијанскиот калчолигаш веднаш ги прекинал преговорите со англискиот шампион.
За услугите на аргентинскиот интернационалец „ѓаволите“ ќе платат 35 милиони евра плус бонуси, а Игуаин ќе потпише пет годишен договор.
Со евентуалното ангажирање на екс фудбалерот на Реал Мадрид екипата од Олд Трафорд ќе ги реши проблемите во нападот.
По завршување на сезоната Јунајтед се раздели со Радамел Фалкао, кој беше на позајмица од Монако, а во тој правец се движи и Робин ван Перси.
Мх.П.