Фудбалерите на Манчестер Јунајтед направија голем чекор кон обезбедување на вицешампионската позиција во Премиер лигата победувајќи го Бурнмаут со 2-0 на „Виталити“ стадионот.
„Црвените ѓаволи“ до победата со која го обелија образот после поразот од фенерџијата ВБА на домашен терен стигнаа со еден постигнат погодок во двете полувремиња. Во првиот дел резултатот го отвори дефанзивецот Крис Смолинг, додека во вториот погодок за Јунајтед го реализираше Ромелу Лукаку.
На четири мечеви до крајот на шампионатот Манчестер Јунајтед има четири бодови предност во однос на Ливерпул, кој пак има меч помалку.
OhridNews