Дефанзивецот Ерик Бејли од тимот на Виљареал е првото засилување на Манчестер Јунјатед под палка на Жозе Мурињо.
Репрезентативецот на Брегот од Слоновата Коска со „црвените ѓаволи“ потпиша четиригодишен договор, а клубот на Виљареал ќе му исплати 30 милиони фунти.
– Ерик Бејли е млад дефанзивец со голем потенцијал и предиспозиции. Тој е на добар пат да прерасне голем играч, а се надевам дека тоа ќе го направи во Манчестер Јунајтед. – рече Жозе Мурињо.
За Мурињо ова е прв комплетиран трансфер во Манчестер Јунајтед откако претходно побара продолжение на договорите од Камерон Бортвик Џексон и Маркус Рашфорд.
OhridNews