Манчестер Јунајтед го официјализираше трансферот на Ентони Мартиал кој на Олд Трафорд доаѓа од тимот на Монако.
„Црвените ѓаволи“ за шестото засилување во летниот преоден рок на францускиот клуб му исплатија 38 милиону фунти. Трансферот може да достигне и 60 милиони во зависност од успесите на клубот и учинокот на играчот.
– Секој фудбалер на моја возраст сонува да игра за Манчестер Јунајтед, а мене тој сон ми се оствари. Со нетрпение чекам да му се приклучам на клубот и со новите соиграчи да почнат да тренирам. – рече на промоцијата Мартиал.
Претходно на Олд Трафорд пристигнаа голманот Ромеро, Матео Дармијан, Морган Шнајдерлин, Бастијан Швајнтајгер и Мемфис Депај.
Мх.П.