Поразот од Свонси (2-1) втор сезонава во Премиер лигата не е само проблемот за екипата од Олд Трафорд бидејќи се повреди Робин ван Перси.
Во текот на мечот на „Либерти“ стадионот холандскиот голгетер се пожали на повреда на десната нога, но по лекарската интервенција го продолжи мечот.
Ван Перси стадионот по натпреварот го напушти со штаки што не е добра прогноза за неговата повреда.
Капитенот на „лалињата“ веќе трета сезона го предводи нападот на „ѓаволите“, а во оваа има постигнато само осум првенствени погодоци.
Мх.П.