Екипата на Манчестер Јунајтед се раздели со Радамел Фалкао и го врати во Монако одлучувајќи да не го откупи договорот на Колумбиецот.
Фалкао на Олд Трафорд пристигна во последниот ден од летниот преоден рок минатата година, но со слабите игри не успеа да се наметне кај холандскиот стручњак Луис ван Гал.
Колумбиецот постигна четири погодоци во 26 натпревари за „ѓаволите“ во Премиер лигата што беше премалку за неговиот калибар.
Фалкао најверојатно нема да се врати во Монако и ќе се проба во Серија А, Примера или пак некој друг тим од Премиер лигата.
Мх.П.