Манчестер Јунајтед на прагот е да го доведе третиот фудбалер во своите редови во летниот преоден рок, откако најде заеднички јазик со Челси за услугите на Немања Матиќ.

Српскиот фудбалер од самиот почеток беше желба на Жозе Мурињо, но работите во преговорите закочија по ангажманот на „црвените ѓаволи“ на Ромелу Лукаку.

Како што пренесува „BBC“, екипата од Олд Трафорд на Челси ќе му исплати 40 милиони фунти оштета за Матиќ кој со „ѓаволите“ ќе потпише четиригодишен договор.

Освојувачот на трофејот во Лигата на Европа претходно ги ангажираше Виктор Линделоф од Бенфика односно Ромелу Лукаку од Евертон.

OhridNews