Лидерот на табелата Челси со погодок во 90-та минута успеа да го совлада Евертон 1-0 додека „ѓаволите“ во триумфот над Барнли 3-1 имаат нов херој Крис Смајлинг, кој постигна два погодоци.


Стрелец на погодокот за „сините“ вреден три бода беше Вилијан пред истекот на последната минута од регуларниот дел.


Дефанзивецот во игра влезе во 5-та минута по повредата на Фил Џонс и во 6-та погоди за 1-0. По израмнувачкиот погодок на Дени Ингс, Смајлинг одново погоди овој за 2-1. Конечните 3-1 ги постави Робин ван Перси од пенал во 82-та минута.


Резултати : Челси – Евертон 1-0, Мен Ју – Барнли 3-1, Саутемптон – Вест Хем 0-0, Кристал Палас – Њукасл 1-1, ВБА – Свонси 2-0, Стоук – Мен Сити 1-4.

Табела : Челси 59, Мен Сити 52, Мен Ју 47, С`тон 46, Арсенал 45…

Мх.П.