Манчестер Јунајтед прокнижи нови три бодови во Премиер лигата откако со пресврт го совлада Саутемптон со 3-2 на Сент Мери стадионот.
„Ѓаволите“ до бодовите стигнаа на погон од Ентони Марсијал кој за кратко време со два погодоци успеа да ја анулира предноста на домаќините стекнaта со голот на Грацијано Пеле.
Водството на „црвените ѓаволи“ го дуплираше Хуан Мата, а Пеле со вториот погодок го постави конечниот резултат.
Покрај најскапиот тинејџер во историјата на светскиот фудбал херој на гостите од Олд Трафорд беше Давид де Геа кој имаше три брилијатни одбрани во судиското продолжение.
Со трите бодови Манчестер Јунајтед заостанува само два зад Манчестер Сити кој претрпе пораз (2-1) од Вест Хем на домашен терен.
Резултати : Тотенхем – Кристал Палас 1-0, Саутемптон – Мен Ју 2-3, Ливерпул – Норвич 1-1.
Табела : Мен Сити 15, Мен Ју 13, Вест Хем 12, Лестер 12…
Мх.П.











