Екипите на Манчестер Јунајтед и Саутемптон ќе ги одмерат силите во финалето од англискиот Лига куп се игра на 26 февруари на Вембли.


„Црвените ѓаволи“ претрпеа пораз на „Кеј Си“ стадионот од Хул (2-1) во реванш натпреварот, но победата (2-0) од првиот меч на Олд Трафорд ги одведе во финалето.

„Тигрите“ поведоа со голот на Хадлстоун од пенал во првиот дел. Погба после еден час игра изедначи 1-1, а Ниасе во финишот погоди за 2-1 и донесе пирова победа за својот тим.

OhridNews