Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со 3-0 го совлада „вечниот“ ривал Ливерпул во дербито на колото во Премиер лигата.


„Ѓаволите“ со триумфот над „црвените“ ја продолжија победничката серија и ја продлабочија кризата во составот од Енфилд.

Херој на домаќините е чуварот на мрежата Давид де Геа, кој успеа да ги „полуди“ фудбалерите на Ливерпул бранејќи му се и сешто. Неговите одбрани со погодоци ги капитализираа Вејн Руни, Хуан Мата и Робин ван Перси.


Со трите бодови „бебињата“ се зацврстија на третата позиција и го продолжуваат походот кон водечките на табелата Челси и Манчестер Сити.

Мх.П.