Манчестер Јунајтед со нови трансфер таргети се насочува кон следната сезона, а еден од долгата листа се најде фудбалерот на Борусија Дортмунд, Пјер Омерик Обамејанг.
Тимот од Сигнал Идуна Парк ќе инкасира неверојатни 60 милиони фунти од „црвените ѓаволи“ кои ќе му понудат 200 000 фунти неделна плата на голгетерот.
Водечкиот стрелец на „милионерите“ исто така трансфер мета беше на Арсенал, но клубот од Емирати се откажа поради големата оштета која ја побара германскиот тим.
Но, тоа не е проблем за „црвените ѓаволи“ кои во последните две сезони потрошија повеќе од 350 милиони евра на нови фудбалери.
OhridNews











