Најдобриот голгетер на Манчестер Јунајтед сезонава Робин ван Перси ќе отсуства од терените месец дена поради повредата која ја доби на дуелот со Свонси.


Холандскиот репрезентативец ги повреди вкрстените лигаменти, но среќа при повредата не ги скина туку само ги истегна и ќе паузира еден месец.

Ван Перси ќе ги пропушти можеби клучните натпревари за Јунајтед сезонава. „Ѓаволите“ ќе одиграат меч против Арсенал во ФА купот и дерби средбите со Ливерпул и Тотенхем.

Менаџерот на „бебињата“, Луис ван Гал во нападот остана со Радамел Фалкао, Џејмс Вилсон и Вејн Руни, кој повеќе дејствува во средината сезонава.

Мх.П.