Фудбалерите на Манчестер Јунајтед направија голем исчекор кон финалето во Лига купот, откако во првиот полуфинален натпревар со 2-0 го совладаа Хул на Олд Трафорд.


„Црвените ѓаволи“ речиси цел час бараа начин да го скршат бедемот на „тигрите“ пред голот на одличниот Јакуповиќ.

Иницијативата на теренот ја круниса Хуан Мата по асистенцијата на Хенрик Мхтаријан кој ги имаше најзрелите шанси за погодок.


Во финишот на мечот, односно во 87-та минута Маруане Фелаини на асистенција од Матео Дармијан го дуплираше водството и ги постави конечните 2-0.


Реваншот од полуфиналето во Лига купот се игра на 26 јануари, а во останатата полуфинална двојка ќе се сретнат Саутемптон и Ливерпул.

OhridNews