Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во 1/2 финалето од ФА Купот победувајќи го Вест Хем со 2-1 на „Болејн арената“.


ФА Купот е последната шанса за трофеј на Манчестер Јунајтед сезонава, а и токму така го одиграа натпреварот пулените на Луис ван Гал.

„Црвените ѓаволи“ теренската иницијатива ја капитализираа во вториот дел со погодоците на Маркус Рашфорд и Мароуане Фелаини.

 
Надежта за реми и продолжениеја кај домаќините ја врати дефанзивецот Томкинс, но гостите го задржаа водството и закажаа меч во полуфиналето со Евертон.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Кристал Палас и Ватфорд. Полуфиналните мечевите се играат на 24/25 април на најголемиот англиски стадион Вембли.

OhridNews