Навивачите на Манчестер Јунајтед нема лесно да се откажат од португалскиот ас Кристијано Роналдо. Тие ќе приредат изненадување на мечот меѓу Вилјареал и Реал Мадрид кој ќе се одигра на „Ел Мадригал“.

Иако португалскиот ас во изјава по мечот со Елче ги демантираше овие гласини сепак навивачите на „ѓаволите“ ќе ги направат сите обиди.
Ова нема да е прв пат фановите на Манчестер Јунајтед така да испраќаат порака откако минатата сезона на Олд Трафорд прелета авион со парола „Мојс оди си“.
Тој пред крајот на сезоната замина, а кој знае можеби по завршување на оваа Роналдо ќе се врати во старото јато.
Мх.П.










