Манчестер Јунајтед нема да биде активен на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок и нема да ги засили своите редови со нови фудбалери.
Во летниот преоден рок „црвените ѓаволи“ потрошија рекордни 200 милиони фунти доведувајќи ги Радамел Фалкао, Анхел Ди Марија, Дејли Блинд, Маркос Рохо, Андер Ерера и Лук Шо.
Клубот од Олд Трафорд има проблем со одбраната бидејќи не функцинира баш најдобро за разлика од нападот, кој ги враќа вложените средства.
Мх.П.