„Црвени ѓаволи“ на гостувањето во Лондон го совладаа Арсенал 2-1, но скапо ја платија победа откако се повреди левиот бек Лук Шо.
Првите прогнози за повредата на Шо, кој летово пристигна на Олд Трафорд се дека ќе биде надвор од терените три или шест недели.
Од почетокот на сезоната менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал никако не може да го подготви составот без некое отсуство поради повреда.
Викендов „бебињата“ пред своите гледачи во 13-та рунда од Премиер лигата го пречекуваат составот на Хул.
Мх.П.