Манчестер Јунајтед е пред промоција на второто засилување за престојната сезона откако ги договори личните услови со десниот бек на Торино, Матео Дармијан.
За официјализирање на трансферот треба заедчни јазик да најдат двата клуба кои водат интензивни преговори.
„Ѓаволите“ за репрезентативецот на „азурите“ ќе исплатат 18 милиони евра, а плата на дефанзивецот на Олд Трафорд ќе му биде 48 000 евра.
Касилјас отстапува место за Де Геа.
Агентот на капитенот на „кралевите“, Икер Касилјас најави дека во скоро време неговиот клиент може да се пресели во Порто.
Касилјас со евентуално заминување во Португалија ќе го „отвори“ местото за Давид де Геа кој на големо се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Де Геа беше дел од првиот тренинг на Манчестер Јунајтед, но при заминување тој се скри од навивачите кои несебично го подржуваа во изминатите четири години.
Ohridnews