По ангажманот на Мемфис Депај екипата од Олд Трафорд се насочи кон купување на врвен голгетер, а погледите се вперени во Хари Кејн од Тотенхем.


Новопечениот англиски репрезентативец сезонава експлодираше во Премиер лигата постигнувајќи 20 погодоци за „петлите“ и се наоѓа на втората позиција на листата од стрелци зад Кун Агуеро, кој има 25 голови.

За разлика од Кејн, ударните игли во нападот од Манчестер Јунајтед, Ван Перси и Фалкао сезонава комплетно потфрлија и само чудо може да ги задржи во тимот за следната сезона.

Иако англискиот репрезентативец потпиша нов петгодишен договор со Тотенхем, сепак богата понуда од Олд Трафорд лесно може да ги предомисли челниците од Вајт Харт Лејн.

Мх.П.