Манчестер Сити е новиот шампион во елитната англиска Премиер лига. „Граѓаните“ до петтата титула стигнаа на доминантен начин и на пет натпревари до крајот на шампионатот.

Во нов првак „граѓаните“ ги промовираа фудбалерите на Вест Бромвич Албион, кои неочекувано со минимални 1-0 го совладаа Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.

После разрешувањето на прашањето околу шампионот остануваат дилемите за опстанок во Премиер лигата односно за местата кои водат во Лигата на Шампионите.

OhridNews