Новото деби во Премиер лигата ќе му остана во добро сеќавање на Чарли Оустин кој беше стрелец на единствениот погодок за Саутемптон во победата (1-0) над Манчестер Јунајтед.
„Ѓаволите“ по кој знае кој пат сезонава одиграа инфериорен натпревар во нападот упатувајќи само еден удар во текот на 90-те минути.
Стерилноста на домаќините, гостинските фудбалери ја казнаа во 87-та минута со погодокот на Оустин кој пред недела дена ги засили „светците“.
Резултати : Норвич – Ливерпул 4-5, Мен Ју – Саутемптон 0-1, Лестер – Стоук 3-0, Кристал Палас – Тотенхем 1-2, ВБА – Астон Вила 0-0, Сандерленд – Бурнмаут 1-1, Ватфорд – Њукасл 2-1, Вест Хем – Мен Сити.
Мх.П.










