Без голови и без победник заврши дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Челси на Олд Трафорд во рамките од 19-та рунда од Премиер лигата.


И покрај ремито без голови возбудувањата не изостанаа. Домаќините погодија два пати во гредата додека гостите преку контри напади го загрозуваа голот на Де Геа.


„Црвените ѓаволи“ со ремито против Челси ја прекинаа серија од три порази во Премиер лигата и му го продолжија животот на Луис ван Гал на Олд Трафорд уште некој ден.

Резултати : Кристал Палас – Свонси 0-0, Мен Ју – Челси 0-0, Евертон – Стоук 3-4, Норвич – Астон Вила 2-0, Ватфорд – Тотенхем 1-2, ВБА – Њукасл 1-0, Арсенал – Бурнмаут 2-0, Вест Хем – Саутемптон 2-1.

Ohridnews