Дваесет кратниот првак во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед во текот на овој преоден рок одлучи да направи голем рез во екипата особено во напаѓачката линија.
Веднаш по завршувањето на минатата сезона „ѓаволите“ се ослободија од Радамел Фалкао, која беше на позајмица, а истата судбина го чека и Робин ван Перси.
Холанѓанецот имаше разочарувачка сезона на Олд Трафорд постигнувајќи десет погодоци и пропуштијќи многу натпревари поради повреда.
Јунајтед според англискиот весник „Mirror“ води тајни разговори со Фенербахче и Бешикташ, а Рома и Лацио отворено го посакуваат холандскиот репрезентативец во своите редови.
Ван Перси на Олд Трафорд пристигна од Арсенал и во првата сезона со соиграчите ја освоија титулата во Премиер лигата, а двете после тоа опадна неговата форма.
Мх.П.